ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
17
Глава 1:  Основни податоци
Вклучување за прв пат
Кога ќе го вклучите ASUS телефонот за прв пат, Волшебникот за поставување ќе ве води низ 
постапката на поставување. Следете ги упатствата на екранот за да изберете јазик, начини на 
внесување, да ја поставите вашата мобилна мрежа и Wi-Fi, да синхронизирате сметки и да ги 
конфигурирате вашите локациски услуги. 
Исто така може да ги пренесете вашите податоци, како што се вашите контакти и други 
релевантни информации, од вашиот стар мобилен уред на вашиот ASUS телефон преку 
апликацијата Пренос на податоци.
ЗАБЕЛЕШКА: Може да ја користите апликацијата Пренос на податоци во секое време кога вам ви 
одговара. From the (Од) Home screen (Почетен екран) tap (допрете) 
 > Data Transfer (Пренос 
на податоци). За повеќе детали, видете 
Пренос на податоци
.
Користете ја вашата Google или ASUS сметка за да го поставите уредот, ако сеуште немате 
Google или ASUS сметка, продолжете и креирајте таква.
Google сметка
Користењето на Google сметка ви овозможува потполно да ги искористите овие 
карактеристики на оперативниот систем Android:
•  Организирање и следење на сите ваши информации од секаде.
•  Автоматско зачувување на сите ваши податоци.
•  Прилагодување на Google услугите така како што е прикладно од секаде.
ASUS сметка
Да имате ASUS сметка значи да ги имате следниве придобивки:
•  Персонализирана ASUS услуга на поддршка и продолжување на гаранцијата за 
регистрирани производи.
•  Бесплатни 5 ГБ простор за складирање во облак.
•  Добивање на најнови ажурирања за уредот и фирмверот.
ЗАБЕЛЕШКА: Исто така може да го користите Волшебникот за поставување за да го 
преконфигурирате уредот, во кое било време кога вам ви одговара. From the (Од) Home screen 
(Почетен екран) tap ( допрете ) 
  > Setup Wizard (Волшебник за поставување).