ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
55
Глава 4:  Секогаш достапни
Телефонирање
Вашиот ASUS телефон ви нуди многу начини да телефонирате. Повикајте ги вашите пријатели 
од списокот на контакти, паметно бирање за брзо воспоставување повик, или внесете број за 
брзо бирање за да го повикате контактот што често го повикувате.
ЗАБЕЛЕШКА:  Организирајте ги вашите контакти во апликацијата Контакти. За детали, видете 
Управување со контакти
.
Активирање на апликацијата Телефон
Од почетниот екран, направете нешто од следново за да ја активирате апликацијата Телефон:
• Допрете  .
•  Допрете  
  > Phone (Телефон).
Бирање на телефонски број
Користете ја апликацијата Телефон за директно да бирате телефонски број.
1.  Од почетниот екран, допрете Asus > Contacts (Контакти) а потоа допрете ги броевите.
2.  Изберете од копчињата за повикување SIM1 или SIM2 за да го бирате бројот.
ЗАБЕЛЕШКА:  
Ознаките на копчињата за бирање може да се разликуваат во зависност 
од поставките што сте ги направиле на вашата micro SIM картичка. За повеќе детали, видете 
Карактеристика две SIM картички.
Бирање на број на локал
Кога треба да повикате број на локал, вие може да направите некои од следниве чекори за да 
ги прескокнете говорните известувања.
Барање потврда за бројот на локал
Може да го внесете известувањето за потврда за бројот на локал по бирањето на главниот 
број.
1.  Од апликацијатаТелефон, внесете го главниот број.
2.  Допрете и задржете # за да внесете известување за потврда кое се дава со точка и запирка 
(;).
3.  Изберете од копчињата за повикување SIM1 или SIM2 за да телефонирате.
4.  Кога од вас ќе се побара, допрете Yes (Да) за да го потврдите бројот на локал.