ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
77
Глава 4:  Секогаш достапни
Други опции за размена на пораки
Кога сте во активна нишка на пораки или додека составувате порака, може да допрете     и да 
направите која било од опциите дадени подолу.
Додади наслов 
Допрете за да додадете наслов на вашата порака.
Вметни смешко
Вметнете смешко или емотикон во вашата порака.
Вметни шаблони на 
текст
Вметнете предодреден одговор во главниот текст на вашата порака.
Избриши пораки
Допрете ја оваа опција и изберете ги пораките што сакате да ги 
избришете од нишката.
Поставки
Допрете ја оваа опција за да ги конфигурирате поставките на 
пораката.
Омлет Чат
Омлет Чат е отворена апликација за размена на пораки и мобилно споделување што ви 
овозможува непосредно да разговарате со пријателите.  Исто така ви овозможува да 
управувате со вашите податоци така што безбедно ќе ги складирате во приватни сметки во 
Облак.
ЗАБЕЛЕШКИ:
•  Апликацијата Омлет Чат може да е достапна само во одредени земји.
•  При првата употреба, мора да ја посетите Play Store за да го ажурирате Омлет Чат. Мора да 
имате Google сметка за да го ажурирате Омлет Чат.
Регистрирање на Омлет Чат
Регистрирајте се на Омлет Чат со некоја од следниве сметки:
 • Број на мобилен телефон
 • Сметка за е-пошта
 • Gmail сметка
 • Facebook сметка
Користење на вашиот број на мобилен телефон
За да се регистрирате користејќи го бројот на мобилен телефон:
1.  Допрете  
  потоа допрете Omlet Chat (Омлет Чат).
2.  На екранот пријавување, поминете со прст по екранот кон лево за да ги прочитате 
нагласените карактеристики на Омлет Чат. Ако сакате да се регистрирате веднаш, допрете 
Skip (Прескокни).
3.  Изберете ја земјата во која моментално се наоѓате, внесете го вашиот број на мобилен 
телефон, а потоа допрете Next (Следно) за да добиете текстуална порака која содржи ПИН.
4.  Внесете го ПИН-от, а потоа допрете Next (Следно).
5.  Внесете го вашето име, а потоа допрете Get Started (Започни).