Bosch HBC 84 H 501 Manual Do Utilizador

Página de 72
7
Вентилатор за ладење
Вашиот уред поседува вентилатор за ладење. Вентилаторот за 
ладење се вклучува за време на работата. Топлиот воздух 
излегува преку вратата. 
По завршувањето на работата, вентилаторот за ладење работи 
уште едно извесно време.
Внимaниe!
Немојте да ги покривате отворите за вентилација. Во 
спротивно, уредот ќе се прегрее.
Напомени
При работата на микробрановата печка, уредот останува 
ладен. Вентилаторот за ладење сепак се вклучува. Тој може 
да продолжи да работи и кога работата на микробрановата 
печка веќе е завршена.
На стаклото од вратата, внатрешните ѕидови и на дното може 
да се појави кондензирана вода. Тоа е нормално и со тоа не 
се загрозува функционирањето на микробрановите печки. По 
готвењето, избришете ја кондензираната вода.
Опрема
Пред првата употреба
Овдека дознавате што треба да направите, пред да приготвите 
јадење со Вашата печка за првпат. Пред тоа, прочитајте го 
поглавјето Безбедносни напомени.
Поставување на часовникот
По поврзувањето, на екранот засветуваат три нули и симболите 
À
 
0
. Поставете го часовникот.
1. Притиснете го копчето 
@
 или 
A
.
Фабрички поставена вредност 
@
: 12:00
Фабрички поставена вредност 
A
: 23:59
2. Со копчето 
@
 или 
A
 поставете го часовникот.
3. Притиснете го копчето 
0
.
Часовникот е поставен.
Напомена: За намалување на потрошувачката на Вашиот уред 
во состојба Stand by, можете да го избледите часовникот. 
Погледнете во поглавјето Промена на основните поставки за 
таа цел.
Загревање на рерната
За да го отстраните мирисот на ново, загрејте ја празната 
затворена рерна.  За таа цел идеален е еден час со топол 
воздух  
3
на 180 ºC. Проверете дали има остатоци од 
амбалажата во комората за готвење.
1. Со бирачот на функции поставете топол воздух 
3
.
2. Со бирачот на температура поставете 180 ºC.
1, 2, 3
Степени за скара
1 = слаба
2 = средна
3 = јака
Позиција
Употреба
Ротирачка чинија 
 
Како подлога за решетките.
 
Јадењата, на кои им е особено потребна топлина одоздола, 
можете да ги подготвувате директно на ротирачката чинија.
Ротирачката чинија се врти налево или надесно. Таа е отпорна на 
сечење. На ротирачката чинија можете директно да сечете 
парчиња пица.
Никогаш немојте да го употребувате уредот без ротирачка 
чинија.
Оптоварете ја ротирачката чинија со макс. 5 кг.
Ротирачката чинија мора да се врти за време на сите видови на 
загревање.
Ниска решетка
 
За микробрановата печка и за печење во печката.
Висока решетка
 
На пр. за печење стекови, колбавчиња и тост.
Како подлога за рамни форми на тепсии.
Поставување на ротирачката чинија
Поставете ја ротирачката чинија со валјаците “A”, како што е 
прикажано на сликата, на зафаќачот “B” во средина на дното на 
комората за готвење.
Ротирачката чинија мора да биде рамно поставена на зафаќачот.
$
$
$
%
%
%