Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
11
Поврзување на мобилен уред
Гледајте го екранот на мобилниот уред преку поврзување на мобилниот уред со вашиот телевизорот или 
вашата мрежа.
Користење на функцијата Паметен поглед (Рефлексија на екраните) или 
споделување содржини
Можете да репродуцирате медиумски содржини на екранот на телевизорот зачувани во вашиот 
мобилен уред доколку ги поврзете преку функциите за пресликување и споделување содржини.
1. 
Активирајте ја функцијата Паметен поглед (Рефлексија на екраните) на вашиот мобилен уред. 
Мобилниот уред ќе започне да пребарува достапни уреди со кои може да се поврзе.
2. 
Изберете го телевизорот од списокот. Телевизорот ќе се поврзе со мобилниот уред.
 
"
Ако вашиот мобилен уред не може да го пронајде телевизорот, исклучете ги телевизорот и мобилниот 
уред, а потоа вклучете ги и обидете се повторно.
 
"
Доколку настане проблем со мрежната комуникација додека ја користите функцијата за пресликување, 
поврзувањето помеѓу телевизорот и Bluetooth уредот може да се прекине.
 
"
Ако имате повеќе телевизори, тогаш можете лесно да изберете некое од различните имиња за 
телевизори во       
Поставув.
   
Мрежа
   
Назив на уред
.
Поврзување на мобилни уреди без безжичен рутер (Wi-Fi Direct)
     
Поставув.
   
Мрежа
   
Експертски поставки
   
Wi-Fi Direct
 
Проб. сега
Поврзување мобилен уред преку Апликација Smart View
Кога ќе ја инсталирате апликацијата Апликација Smart View од Google Play Store, Samsung Apps 
и App Store, ќе можете да ги репродуцирате мултимедиумските содржини од мобилниот уред на 
телевизорот или, пак, да го контролирате телевизорот преку мобилниот уред.
 
"
За да ја користите функцијата Smart View, мобилниот уред мора да поддржува функција за пресликување 
како што се AllShare Cast и Smart View. За да проверите дали вашиот мобилен уред ја поддржува 
функцијата за пресликување, ве молиме посетете го веб-сајтот на производителот на мобилниот уред.