Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
13
Забелешки за поврзувањата!
Кога приклучувате надворешен уред, внимавајте на следното:
 
"
Бројот на приклучоци и нивните имиња и локации може да бидат различни во зависност од моделот.
 
"
Погледнете го прирачникот за ракување на надворешниот уред кога ќе го поврзувате со телевизорот. 
Бројот на приклучоци на надворешниот уред и нивните имиња и локации може да бидат различни во 
зависност од производителот.
Забелешки за поврзувањата преку HDMI
 
Се препорачуваат следните видови на HDMI кабли:
 
HDMI кабел со голема брзина
 
HDMI кабел со голема брзина и опција за етернет
 
Користете HDMI кабел со дебелина од 17mm или помалку.
 
Доколку користите HDMI кабел без сертификат може да резултира со празен екран или грешка 
во поврзувањето.
 
Некои HDMI кабли и уреди може да не бидат компатибилни со телевизорот поради различни 
HDMI спецификации.
 
Овој телевизор не ја поддржува функцијата HDMI етернет канал. Етернет претставува LAN 
(локална мрежа), која е остварена со коаксијални кабли стандардизирани според IEEE.
 
Голем број компјутерски графички адаптери немаат HDMI приклучоци, но затоа имаат DVI 
приклучоци. Ако компјутерот нема излез за HDMI видео, поврзете го компјутерот со HDMI-DVI 
кабел.