Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
14
Забелешки за поврзувањата со аудио уреди
 
За да добиете звук со подобар квалитет, препорачливо би било да користите AV приемник.
 
За да ги исклучите звучниците на телевизорот, поставете ја функцијата 
Избери звучник
 (      
Поставув.
   
Звук
   
Избери звучник
) на 
Аудиоизлез/оптички
.
 
Ако при користење на аудио уредот се слуша невообичаен шум, тоа може да значи дека има 
проблем во самиот аудио уред. Во тој случај, побарајте помош од производителот на аудио 
уредот.
Забелешки за поврзувањата со компјутер
 
Сè додека функцијата за споделување фајлови е активна, можно е да дојде до неовластен 
пристап. Кога немате потреба да пристапувате до податоците, оневозможете го споделувањето 
на фајлови.
 
Вашиот компјутер и паметниот телевизор мора да бидат меѓусебно поврзани на истата мрежа.
 
Кога споделувате содржина со други мрежно базирани уреди, како оние што се во систем за 
складирање со IP (Интернет протокол), споделувањето може да не е поддржано поради, на 
пример, конфигурацијата, квалитетот или функционалноста на мрежата, ако мрежата има NAS-
уред (мрежно поврзан склад).
Забелешки за поврзувањата со мобилни уреди
 
За да ја користите функцијата Рефлексија на екраните, мобилниот уред мора да поддржува 
функција за пресликување како што се AllShare Cast или Рефлексија на екраните. За да 
проверите дали вашиот мобилен уред ја поддржува функцијата за пресликување, ве молиме 
посетете го веб-сајтот на производителот на мобилниот уред.
 
За да ја користите функцијата 
Wi-Fi Direct
, мобилниот уред мора да ја поддржува функцијата 
Wi-Fi Direct. Ве молиме проверете дали вашиот уред поддржува Wi-Fi Direct.
 
Мобилниот уред и вашиот паметен телевизор мора да бидат поврзани меѓусебно преку истата 
мрежа.
 
Репродукцијата на видео или аудио фајлови може повремено да запира во зависност од 
мрежните услови.
 
Кога споделувате содржина со други мрежно базирани уреди, како оние што се во систем за 
складирање со IP (Интернет протокол), споделувањето може да не е поддржано поради, на 
пример, конфигурацијата, квалитетот или функционалноста на мрежата, ако мрежата има NAS-
уред (мрежно поврзан склад).