Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
62
Функција за телетекст
Дознајте како да ја користите функцијата Телетекст и како да ги активирате функциите кои ги нуди услугата за 
Телетекст.
 
"
Оваа функција е достапна само кај одредени модели во специфични географски области.
Индексната страница од услугата за телетекст ви нуди информации за начинот на користење на 
услугата. За правилно прикажување на информациите од телетекстот, приемот на каналот мора 
да биде стабилен. Во спротивно, може да недостасуваат информации или да не се прикажат некои 
страници.
 
"
Со избирање на нумерираните функции со помош на вашиот далечински управувач, може да ги 
менувате телетекст страниците.
/
 Телетекст вклучено / мешано / исклучено: Го активира режимот на телетекст за тековниот 
канал. Со двојно притиснување, режимот за телетекст ќе се преклопи со сликата на тековната 
програма. Притиснете го уште еднаш за излез од телетекстот.
8
 Зачувај: Ги зачувува телетекст страниците.
4
 Големина: Го прикажува телетекстот со двојна големина на горната половина од екранот. За 
преместување на текстот во долната половина од екранот, притиснете го повторно. За нормален 
приказ, притиснете го уште еднаш.
9
 Чекај: Го задржува приказот на тековната страница, во случај да постојат неколку споредни 
страници кои следат автоматски. За поништување, притиснете го повторно.
Копчиња во боја (црвено, зелено, жолто, сино): Ако компанијата која ја емитува програмата користи 
FASTEXT систем, различните теми на телетекст страницата се означени со различни бои и можат да 
се изберат преку копчињата во боја. Притиснете го копчето во боја кое одговара на темата по ваш 
избор. Ќе се појави нова страница во различна боја. На истиот начин можете да избирате и елементи. 
За прикажување на претходната или следната страница, изберете го соодветното копче во боја.
0
 Режим: Го избира режимот на телетекст (LIST / FLOF). Ако се притисне кога режимот LIST е 
активен, ќе се префрли во режим на зачувување на листата. Во режимот на зачувување на листата, 
можете да зачувате телетекст страница во листата со помош на копчето 
8
 (зачувај).
1
 Потстраница: Ја прикажува достапната потстраница.
2
 Страница погоре: Ја прикажува следната телетекст страница.
3
 Страница подолу: Ја прикажува претходната телетекст страница.
6
 Индекс: Ја прикажува индексната страница (содржина) во секое време додека ги гледате 
телетекст содржините.
5
 Прикажи: Го прикажува скриениот текст (на пример, одговори на прашања од квиз). За 
прикажување на нормалната слика, притиснете повторно.
7
 Откажи: Ја намалува сликата за прикажување на телетекст за преклопување со тековниот 
пренос.
Вообичаена телетекст страница