Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
81
Прочитајте пред да започнете да репродуцирате фотографии, 
видео записи и музички фајлови
Прочитајте ги овие информации пред да започнете да репродуцирате медиумски содржини.
Ограничувања за користење фотографии, видео записи и музички 
фајлови 
Проб. сега
 
Телевизорот поддржува само MSC (класа за масовно складирање) USB уреди. MSC е ознака 
за класа кај уредите за масовно складирање. Во уредите од класата MSC спаѓаат надворешни 
хард дискови, читачи на флеш картички и дигитални камери. (USB HUB уреди не се 
поддржани.) Овие видови на уреди мора да бидат поврзани директно во USB приклучокот на 
One Connect или телевизорот. Телевизорот може да не го препознае USB уредот или да не ги 
чита датотеките од уредот, ако уредот е поврзан со телевизорот преку продолжителен USB 
кабел. Не го исклучувајте USB уредот при префрлување на датотеките.
 
Кога приклучувате надворешен хард диск, користете го USB (HDD) приклучокот. Ви 
препорачуваме да користите надворешен хард диск со сопствен адаптер за напојување.
 
Одредени дигитални фотоапарати и аудио уреди може да не бидат компатибилни со 
телевизорот.
 
Ако на телевизорот се поврзани повеќе USB уреди, телевизорот може да не препознае некои 
од нив или, пак, ниту еден уред. USB уредите кои користат големо влезно напојување треба да 
се поврзат во USB приклучокот [5V, 1A].
 
Телевизорот поддржува FAT, exFAT и NTFS системи на фајлови.
 
По подредување на фајловите во режим за приказ на папки, телевизорот може да прикаже 
до 1000 фајлови по папка. Меѓутоа, ако USB уредот содржи повеќе од 8.000 фајлови и папки, 
некои фајлови и папки може да бидат недостапни.
 
Режимот за PTP (протокол за префрлување на слика) врска е достапен само за дигитални 
фото апарати. Ако поврзете паметен телефон или таблет уред на телевизорот во PTP режим, 
телевизорот нема да го препознае.
 
Одредени фајлови, во зависност од начинот на нивната обработка, може да не се 
репродуцираат на телевизорот.
 
Одредени фајлови не се достапни во зависност од моделот.