Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
79
Прочитајте пред да започнете да ја користите функцијата 
Апликации
Прочитајте ги овие информации пред да започнете да ја користите функцијата Апликации.
 
Поради карактеристиките на производите кои се присутни во Smart Hub од Samsung, како и 
ограничувањата на достапните содржини, одредени функции, апликации и услуги може да 
не бидат достапни на сите уреди или во сите области. За некои функции на Smart Hub може 
да бидат потребни и дополнителни периферни уреди или надоместоци за членство. Посетете 
ја интернет страницата http://www.samsung.com за повеќе информации за одредени уреди и 
достапност на содржини. Достапноста на услугите и содржините можат да бидат променети 
без претходно известување.
 
Samsung Electronics не презема никаква правна одговорност за каков било прекин на услугата 
на апликациите предизвикан од страна на операторот на услуги поради каква било причина.
 
Апликациите ги обезбедуваат своите услуги само на англиски јазик, а достапните содржини 
може да се разликуваат во зависност од областа.
 
За повеќе информации во врска со апликациите, посетете го веб-сајтот на операторот за услуги 
и апликации.
 
Нестабилната интернет врска може да предизвика доцнење или прекини. Освен тоа, 
апликациите можат автоматски да се исклучат во зависност од условите на мрежата. Во тој 
случај, проверете ја вашата интернет врска и обидете се повторно.
 
Услугите и ажурирањата за апликациите можат да станат недостапни.
 
Содржините за апликациите можат да бидат променети од страна на операторот на услуги без 
претходно известување.
 
Некои услуги можат да се разликуваат во зависност од верзијата на апликацијата што е 
инсталирана во телевизорот.
 
Функционалноста на апликацијата може да се промени во идните верзии на апликацијата. Во 
тој случај, активирајте го водичот со објаснувања за апликацијата, или посетете го веб-сајтот на 
операторот на услуги.
 
Во зависност од политиките на операторот на услуги, одредени апликации мое да не 
поддржуваат извршување на повеќе задачи истовремено.
Прочитајте пред да започнете да користите Web Browser
Прочитајте ги овие информации пред да започнете да ја користите функцијата WEB BROWSER.
 
Функцијата 
WEB BROWSER
 не е компатибилна со апликациите Java.
 
Не може да преземате фајлови. Ако се обидете да преземете некој фајл, тогаш ќе добиете 
порака за грешка.
 
Интернет пребарувачот може да не пристапи до одредени веб-сајтови.
 
Репродуцирањето на флеш видео записи може да биде ограничено.