Справочник Пользователя для Zanussi ZGG62414XA

Скачать
Страница из 44
Помош и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Садови за готвење
ВНИМАНИЕ!
Не користете леани тави, садови
од керамика, земјени садови,
плочи за скара или тостер.
Не’рѓосувачкиот челик може да
потемни доколку се прегрева.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте ја истата тава на два
пламеника.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте нестабилни или
оштетени тенџериња на
пламениците за да се заштитите
од преливање и повреда.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте дното на
тенџерињата да не стои над
контролните копчиња, во
спротивно, пламенот ќе го
загрее контролното копче.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се рачките на
тенџерето да не бидат над
предниот раб на плочата за
готвење.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се тенџерињата да
бидат поставени централно на
пламениците за да постигнете
максимална стабилност и
помала потрошувачка на гас.
Штедење енергија
• Ако е можно, секогаш ставајте капак на
садот за готвење.
• Кога течноста ќе почне да врие,
намалете го пламенот за да крчка
течноста.
Дијаметри на садовите за готвење
Користете само садови за
готвење со дијаметар кој
одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник
Дијаметар на
садови за
готвење (mm)
Брз
160 - 260
Полу-брз
120 - 220
Помошен
80 - 160
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Општи информации
• Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
• Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
• Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата на
апаратот.
• Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
• Измијте ги деловите од не’рѓосувачки
челик со вода, а потоа избришете ги со
мека крпа.
www.zanussi.com
21