Руководство По Работе для Panasonic TX75EX780E
Media Player
Употреба на Media Player
Информации
Media Player ви овозможува да уживате во фотографии, видеа и музика
снимени на USB-флеш меморија / USB HDD / мрежен уред, како и
содржина што е снимена со овој телевизор на форматиран USB HDD.
(Пример)
(Пример)
Лес. прик. на спис.:
Се репродуцираат слики / подвижни слики снимени со дигитален
фотоапарат или дигитална видеокамера.
Прик. на меш. папка:
Се прикажуваат сите датотеки групирани според папка.
Режим за снимена телевизија:
(За ексклузивен USB HDD) Се репродуцираат телевизиски програми
снимени на USB HDD со овој телевизор.
●
Во текот на операцијата, аудиосигналот излегува од терминалите
DIGITAL AUDIO и HDMI2 (функција ARC). Нема излез на
видеосигнали. За да ги користите HDMI2 со функцијата ARC, поврзете
засилувач што има функција ARC и поставете го да користи звучници
за кино.
●
Можно е сликите да не се појавуваат правилно на овој телевизор во
зависност од опремата за снимање што се користела.
●
Може да биде потребно одредено време за да се прикажат кога има
многу датотеки и папки.
●
Делумно намалените датотеки може да се прикажат со намалена
резолуција.
●
Поставувањата за сликата може да не функционираат во зависност
од состојбата.
●
Имињата на датотеките и папките може да се разликуваат од оние на
дигиталниот фотоапарат или дигиталната камера што се користеле.
- 148 -