Panasonic TX75EX780E Mode D’Emploi

Page de 358
Media Player
Употреба на Media Player
Информации
Media Player ви овозможува да уживате во фотографии, видеа и музика 
снимени на USB-флеш меморија / USB HDD / мрежен уред, како и 
содржина што е снимена со овој телевизор на форматиран USB HDD.
(Пример)
Лес. прик. на спис.:
Се репродуцираат слики / подвижни слики снимени со дигитален 
фотоапарат или дигитална видеокамера.
Прик. на меш. папка:
Се прикажуваат сите датотеки групирани според папка.
Режим за снимена телевизија:
(За ексклузивен USB HDD) Се репродуцираат телевизиски програми 
снимени на USB HDD со овој телевизор.
 
Во текот на операцијата, аудиосигналот излегува од терминалите 
DIGITAL AUDIO и HDMI2 (функција ARC). Нема излез на 
видеосигнали. За да ги користите HDMI2 со функцијата ARC, поврзете 
засилувач што има функција ARC и поставете го да користи звучници 
за кино.
 
Можно е сликите да не се појавуваат правилно на овој телевизор во 
зависност од опремата за снимање што се користела.
 
Може да биде потребно одредено време за да се прикажат кога има 
многу датотеки и папки.
 
Делумно намалените датотеки може да се прикажат со намалена 
резолуција.
 
Поставувањата за сликата може да не функционираат во зависност 
од состојбата.
 
Имињата на датотеките и папките може да се разликуваат од оние на 
дигиталниот фотоапарат или дигиталната камера што се користеле.
- 148 -