Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Почнуваме
10
Полнење на батеријата
Пред првата употреба, наполнете го уредот со полначот.
Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung. 
Неодобрените полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата 
или оштетување на уредот.
• 
Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува 
празна.
• 
Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе 
се поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку 
минути пред да го вклучите уредот.
• 
Ако користите повеќе апликации истовремено, мрежни апликации или апликации 
што бараат поврзување со друг уред, батеријата брзо ќе се испразни. За да 
избегнете исклучување од мрежата или трошење енергија за време на пренос 
на податоци, секогаш користете ги овие апликации после целосно полнење на 
батеријата.
Поврзете го USB-кабелот со USB-адаптерот за напојување и потоа вклучете го крајот на USB-
кабелот во повеќенаменскиот приклучок.
Неправилното поврзување на полначот може да предизвика сериозно оштетување 
на уредот. Штетите предизвикани од неправилно користење не се покриени со 
гаранцијата.