Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Почнуваме
11
• 
Можете да го користите уредот во текот на полнењето, но целосното полнење на 
батеријата може да потрае подолго.
• 
Ако уредот прима нестабилно напојување додека се полни, екран на допир може 
да не функционира. Доколку тоа се случи, исклучете го полначот од уредот.
• 
При полнење, уредот може да се загрее. Ова е вообичаена појава и не би требало 
да влијае врз работниот век или функционирањето на уредот. Ако батеријата се 
загрее повеќе од вообичаеното, полначот може да запре со полнење.
• 
Ако уредот не се полни правилно, однесете ги уредот и полначот во сервисен 
центар на Samsung.
Откако целосно ќе се наполни, исклучете го уредот од полначот. Прво откачете го полначот 
од уредот, а потоа откачете го од електричниот приклучок.
За штедење енергија, исклучете го полначот кога не е во употреба. Полначот 
нема прекинувач за вклучување / исклучување и затоа мора да го исклучите од 
електричниот приклучок кога не е во употреба, за да избегнете непотребно трошење 
електрична енергија. Полначот треба да остане во близина на електричниот 
приклучок и да е лесно достапен додека трае полнењето.
Намалување на потрошувачката на батеријата
Вашиот уред нуди опции што Ви помагаат да ја заштедите енергијата на батеријата. Со 
прилагодување на овие опции и деактивирање одлики во заднина, можете да го користите 
уредот подолго помеѓу полнењата:
• 
Кога не го користите уредот, префрлете на режим на спиење со притискање на копчето 
за вклучување/ресетирање/исклучување.
• 
Затворете ги непотребните апликации користејќи го уредувачот на задачи.
• 
Деактивирајте ја одликата Bluetooth.
• 
Деактивирајте ја одликата Wi-Fi.
• 
Деактивирајте го автоматското синхронизирање на апликации.
• 
Деактивирајте го времето на исклучување на заднинското светло.
• 
Намалете ја осветленоста на екранот.