Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Почнуваме
14
Форматирање на мемориската картичка
Мемориска картичка форматирана на компјутер може да не биде компатибилна со уредот. 
Форматирајте ја мемориската картичка на уредот.
На почетниот екран, допрете   → Нагодувања → ОПШТО → Меморија → Форматирај 
SD-картички
 → ФОРМАТИРАЈ SD-КАРТИЧКА → ИЗБРИШИ СÈ.
Пред да ја форматирате мемориската картичка, не заборавајте да направите 
резервни копии од сите важни податоци зачувани во уредот. Гаранцијата на 
производителот не покрива губење податоци како резултат на дејства на корисникот.
Вклучување и исклучување на уредот
Држете го притиснато копчето за вклучување/ресетирање/исклучување неколку секунди за 
да го вклучите уредот.
Кога го вклучувате уредот првпат или откако сте извеле ресетирање на податоци, следете ги 
упатствата на екранот за да го поставите Вашиот уред.
За да го исклучите уредот, држете го притиснато копчето за вклучување/ресетирање/
исклучување и потоа допрете 
Исклучување.
Следете ги поставените предупредувања и насоки од службениот персонал кога се 
наоѓате во области каде што користењето безжични уреди е ограничено, како на 
пример авиони и болници.