Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Почнуваме
13
Отворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
Вметнете ја мемориската картичка со златно-обоените контакти свртени надолу.
Притиснете ја мемориската картичка во отворот до крај додека не се заклучи на лице 
место.
Затворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
Отстранување на мемориската картичка
Пред да ја отстраните мемориската картичка, прво демонтирајте ја за безбедно 
отстранување. На почетниот екран, допрете   → Нагодувања → ОПШТО → Меморија → 
Демонтирај SD-картичка.
Отворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
Туркајте ја мемориската картичка додека не се ослободи од уредот и потоа извлечете ја 
надвор.
Затворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
Не отстранувајте ја мемориската картичка додека уредот пренесува или пристапува 
до информации. Тоа може да предизвика губење или оштетување на податоците, 
или оштетување на мемориската картичка или уредот. Samsung не е одговорен за 
загубата што настанала како резултат од неправилната употреба или од оштетени 
мемориски картички, вклучувајќи губење податоци.