Samsung NV75J5170BS/OL Benutzerhandbuch

Seite von 544
48  Македонски
Пам
ет
но г
от
вење
Паметно готвење
Колекција на често користени рецепти за автоматско готвење
Овие рецепти може да се користат заедно со функциите за автоматско готвење.
Гратин со компир
Состојки 800 g компири, 100 ml млеко, 100 ml павлака, 50 g сматени јајца, 1 лаж. сол, пипер, морско 
оревче, 150 g рендано сирење, путер, мајчина душица
Начин на 
подготовка
Излупете ги компирите и исецкајте ги на парчиња со дебелина од 3 mm. Премачкајте ја 
целата површина на садот за гратин со путер (22-24 cm). Распоредете ги парчињата на чиста 
крпа и покријте ги со неа додека ги подготвувате останатите состојки.
Измешајте ги сите други состојки, освен ренданото сирење, во голем сад и добро 
промешајте. Ставете ги парчињата компир во садот така што да се преклопуваат и истурете 
ја смесата врз компирите. Ставете го ренданото сирење одозгора и испечете. По готвењето, 
сервирајте со неколку ливчиња мајчина душица.
Гратин од зеленчук
Состојки 800 g зеленчук (тиквички, домати, кромид, морков, пиперка,  
однапред подготвени компири), 150 ml павлака, 50 g сматени јајца, 1 лаж. сол,  
зачини (пипер, магдонос или рузмарин), 150 g рендано сирење,  
3 лаж. маслиново масло, неколку ливчиња мајчина душица
Начин на 
подготовка
Измијте го зеленчукот и исецкајте го на парчиња со дебелина од 3-5 mm. Ставете ги 
парчињата во сад за гратин (22-24 cm) и истурете го маслото врз зеленчукот. Измешајте 
ги сите други состојки, освен ренданото сирење, и истурете ги врз зеленчукот. Ставете го 
ренданото сирење одозгора и испечете. Потоа сервирајте со неколку ливчиња мајчина 
душица.
NV75J5170BS_OL_DG68-00617E-01_MK.indd   48
2015-06-04   �� 11:06:14