Samsung NV75J5170BS/OL Benutzerhandbuch

Seite von 544
Македонски  49
Пам
ет
но г
от
вење
Лазањи
Состојки 2 лаж. маслиново масло, 500 g мелено говедско месо, 500 ml сос од домати,  
100 ml телешки сос, 150 g суви кори за лазањи, 1 кромид (исецкан),  
200 g рендано сирење, 1 лаж. суви парчиња магдонос, оригано, босилек
Начин на 
подготовка
Подгответе го сосот од домати. Загрејте го маслото во тава за пржење, а потоа згответе го 
меленото телешко месо со исецканиот кромид околу 10 мин. додека не поцрвени. Истурете 
врз сосот од домати и телешкиот сос, а потоа додајте ги сувите зачини. Зовријте ги, а потоа 
оставете да се динста 30 мин.
Згответе го тестото за лазањите според инструкциите на пакувањето. Ставете тесто за 
лазањи, сос со месо и сирење, а потоа повторете ја постапката. На крај распоредете го 
преостанатото сирење подеднакво врз слој тесто за лазањи и испечете.
Пита со јаболка
Состојки •  Лиснато тесто: 275 g брашно, 
1
/
2
 лаж. сол, 125 g бел ситен шеќер,  
8 g ванилин шеќер, 175 g ладен путер, 1 јајце (сматено)
•  Фил: 750 g цели тврди јаболка, 1 лаж. лимонов сок, 40 g шеќер, 
1
/
2
 лаж. цимет,  
50 g суво грозје, 2 лаж. лебни трошки
Начин на 
подготовка
Просејте го брашното и солта врз голем сад. Просејте го ситниот шеќер заедно со 
ванилиниот шеќер. Исецкајте го путерот со 2 ножа на мали коцки во брашното. Додајте 
3
/
4
 од 
сматеното јајце. Измешајте ги сите состојки во блендерот сè додека не добиете тврда смеса. 
Обликувајте го тестото во садот со рацете. Завиткајте го во пластична фолија и оставете го да 
се излади приближно 30 мин.
Премачкајте ја тавата со затегнување (дијаметар од 24-26 cm) и посипете брашно на 
површината. Земете 
3
/
4
 од тестото и месете го додека не добиете дебелина од 5 mm. Ставете 
го во тавата (долу и од страните).
Излупете ги јаболката и отстранете ги семките. Исецкајте ги на коцки од приближно 
3
/
4
 x 
3
/
4
 cm, посипете ги јаболката со лимонов сок и добро промешајте.  Измијте го и исушете го 
сувото грозје. Додајте шеќер, цимет и суво грозје. Добро измешајте и посипете го дното на 
тестото со лебни трошки. Притиснете нежно.
Измесете го остатокот од тестото. Исечете го тестото на мали ленти и ставете ги вкрстено 
врз филот. Премачкајте ја питата рамномерно со остатокот од сматеното јајце.
NV75J5170BS_OL_DG68-00617E-01_MK.indd   49
2015-06-04   �� 11:06:14