LG LGE430 User Guide

Page of 542
29
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот телефон.
Допир – Со едно допирање со прст се избираат елементи, линкови, кратенки и
букви на тастатурата на екранот.
Допир и задржување – Допрете и задржете елемент на екранот преку
допирање и неподигнување на прстот додека не се случи одредено дејство. На
пример, за отворање на достапните опции за контакт, допрете и задржете на
контактот во листата на контакти додека не се отвори контекст-менито.
Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент за момент
и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го по екранот додека не ја
достигнете целната позиција. Можете да повлекувате елементи на почетниот
екран за да ги преместите.
Брзо повлекување или лизгање – За да извршите брзо повлекување или
лизгање, брзо придвижете го прстот преку површината на екранот, без
паузирање при првиот допир (во спротивно ќе повлечете одреден елемент).
На пример, можете брзо да повлечете нагоре или надолу по екранот за да се
движите низ листа, или да пребарувате низ различни почетни екрани преку
брзо повлекување одлево надесно (и обратно).
Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или мапа. На
пример, брзо допрете двапати на дел од веб-страница за да го прилагодите
тој дел да ја исполни широчината на екранот. Исто така можете да допрете
двапати за зумирање/намалување на зумот по фотографирањето (со помош на
фотоапаратот), и при користење мапи.
Зумирање со прсти – Користете приближување или раздвојување на палецот
и показалецот за да го зголемување или намалување на приказот кога го
користите пребарувачот или мапи, или кога разгледувате слики.
Завртување на екранот – Кај многу апликации и менија, ориентацијата на
екранот се прилагодува на физичката ориентација на уредот.