LG LGE430 User Guide

Page of 542
30
ЗАБЕЛЕШКА:
•  За да изберете елемент, допрете во средината на иконата.
•  Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно чувствителен да
регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
•  Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. Внимавајте да не ги
допрете другите копчиња.
Почетен екран
Преглед на почетниот екран
Главниот почетен екран е почетна точка за многу апликации и функции, и
ви овозможува да додавате елементи како икони на апликации, кратенки,
фолдери или widget-и за брз пристап до информациите и апликациите. Ова
е зададена страница и таа е достапна од кое било мени со притиснување на
копчето за почетна страница.
На долниот дел од почетниот екран можете да ги видите иконите за менија.
Иконите за менија овозможуваат едноставен пристап со еден допир до
функциите кои најчесто ги користите.
Допрете ја иконата за Телефон за да се појави површината за бирање на
екранот на допир заради остварување на повик.
Допрете ја иконата Контакти за да ги отворите вашите контакти.
Допрете ја иконата за Пораки за да пристапите до менито за пораки. Тука
можете да креирате нова порака.
Допрете ја иконата Апликации на дното од екранот. Ќе се прикажат сите
инсталирани апликации. За да отворите која било апликација, едноставно
допрете ја иконата од листата на апликации.
Вашиот почетен екран