Samsung RT38K5530S9 User Manual

Page of 708
Македонски  21
Без
бедно
сни инф
ор
мации
•  Се користи циклопентан во изолацијата. За гасовите 
на изолацијата е потребна специјална процедура за 
отстранување. Информирајте се кај локалните органи за 
начинот на отстранување на овој производ.
•  Чувајте ги материјалите од амбалажата подалеку од децата, 
бидејќи тие може да бидат опасни за децата.
-  Ако детето стави торба над главата, детето може да се 
задуши.
Дополнителни совети за правилна употреба
•  Во случај на прекин на електричната енергија, прашајте во 
локалната канцеларија на претпријатието за снабдување со 
електрична енергија колку долго ќе трае прекинот.
-  Повеќето прекини на електрична енергија коишто се 
отстрануваат во рок од еден или два часа не влијаат на 
температурите во фрижидерот. Меѓутоа, за тоа време 
треба да го сведете отворањето на вратата на минимум.
-  Ако прекинот во снабдувањето со струја трае подолго од 
24 часа, извадете ја и фрлете ја сета замрзната храна.
•  Фрижидерот може да не работи постојано (замрзнатите 
производи може да започнат да се одмрзнуваат или 
температурите може да станат премногу топли во преградата 
за замрзната храна) ако за подолго време се постави на 
место со постојано пониски температури од температурите за 
коишто е направен уредот.
•  Во случај на одредена храна, ако ја чувате во фрижидер 
може да има негативни последици за зачувување на храната 
поради нејзините состојки.
Untitled-24   21
2016-03-21     12:28:56