Samsung RT38K5530S9 User Manual

Page of 708
Македонски
48 
Oтстранување на проблеми
Ако наидете на необични ситуации со фрижидерот, првин разгледајте ја табелата подолу и обидете се да ги 
примените предлозите.
Oпшто
Симптом
Решение
Не работи или не лади.
•  Погрижете се струјниот кабел да биде правилно поврзан.
•  Погрижете се контролирањето на температурата да биде правилно 
нагодено.
•  Погрижете се да го чувате фрижидерот подалеку од директна сончева 
светлина или извор на топлина. Во спротивно, тоа може да влијае на 
фунцијата за ладење.
•  Погрижете се фрижидерот да има доволно простор од задната страна и 
страничните ѕидови или од кабинетот. Во спротивно, тоа може да влијае на 
фунцијата за ладење.
•  Преголемото количество на храна може да ја блокира вентилацијата на 
фрижидерот. За фрижидерот да работи нормално, не ставајте премногу 
храна внатре.
Храната во фрижидерот 
замрзнува.
•  Проверете дали контролирањето на температурата е нагодена на 
најниската температура. Ако тоа е случај, променете ја температурата на 
повисока или оптимална.
•  Ова се случува ако температурата во просторијата е премногу ниска. 
Поставете ја температурата на повисока.
•  Проверете дали храната којашто содржи висок процент на вода е ставена 
во најладниот дел од фрижидерот или во близина на вентилацијата 
за ладење. Ако се случи ова, поместете ја храната на други полици во 
фрижидерот.
Прави звуци.
•  Погрижете се фрижидерот да биде инсталиран на стабилна, рамна 
површина.
•  Погрижете се фрижидерот да има доволно простор од задната страна и 
страничните ѕидови или од кабинетот.
•  Погрижете се да го држите фрижидерот подалеку од нечистотии или туѓи 
предмети во внатрешноста или под фрижидерот.
•  Од внатрешноста на фрижидерот се слуша звук на отчукување што 
настанува кога различни отстранливи делови дојдат во контакт или се 
прошират. Ова не значи дека системот е дефектен.
Предните агли и 
страните станале топли и 
настанала кондензација.
•  За да спречите формирање на кондензација, фрижидерот има цевки 
отпорни на топлина во предните агли. Ако температурата во просторијата 
се зголеми, опремата може да не работи ефективно. Ова не значи дека 
системот е дефектен.
•  Може да дојде до кондензација на надворешната површина на фрижидерот 
ако влажен воздух дојде во контакт со ладната површина на фрижидерот.
стр
анув
ање на проб
ле
ми
Untitled-24   48
2016-03-21     12:29:00