Panasonic NA168VG4 Operating Guide

Page of 40
Прочитајте пред употреба - 11
Потоа додадете го детергентот и 
стартувајте го перењето повторно.
За да спречите детергент во прав да 
остане во фиоката, изведете го следното:
-  Исушете ја внатрешноста на фиоката со 
крпа.
-  Осигурајте се дека детергентот не е во 
грутки кога го додавате, бидејќи ова 
повремено може да предизвика 
блокирање.
Количество детергент
Количеството детергент што треба да го 
употребите зависи од следните фактори:
-  Колку е валкана облеката;
-  Количеството облека;
-  Тврдоста на водата.
Количеството пена варира според 
количеството и типот детергент, колку е 
ваклана облеката, тврдоста и 
температурата на водата.
Средство за омекнување на вода
Ако живеете во област со тврда вода 
(вкупна тврдост од 1,3 mmol/L или 
повисока), препорачуваме употреба на 
средство за омекнување на водата. За 
повеќе детали за тврдоста на водата 
контактирајте го вашиот снабдувач на 
вода.
Користењето на средство за омекнување 
на водата може да помогне во намалување 
на потребното количество детергент за 
секое перење и помага во спречување на 
формирањето талози од бигор, што може 
да го оштети уредот.
 Оддел за омекнувач 
Омекнувач за ткаенина
За да спречите статички електрицитет, 
додадете го омекнувачот пред да го 
стартувате перењето. Автоматски ќе се 
додаде во последниот циклус на плакнење.
Разредете ги концентрираните омекнувачи 
пред да ги додадете. Додадете само до 
130 ml во одделот за да избегнете 
излевање.
Неразреден 
омекнувач
Вода
Исплакнете го остатокот од омекнувачот со 
млаз вода или со навлажнета ткаенина по 
перењето. Ако се залепи за одделот, 
извлечете ја фиоката и исчистете ја. 
(Видете на стр. 22).
Забелешка
Штирак за облека
Едноставно, додадете штирак за облека 
во одделот за омекнувач. Автоматски ќе се 
додаде на облеката како дел од 
последниот процес на плакнење. 
Осигурајте се дека не сте го надминале 
МАКСИМАЛНОТО ниво.
Ако тешко се додава, можете да го 
разредите штиракот со вода пред да го 
додадете.
Кога и да ги користите програмите со 
функцијата Prewash (Претперење) секогаш 
ставајте детергент за претперење во овој 
оддел.
По употребата на штиракот, исчистете 
ја фиоката за детергент (видете на стр. 
22). Потоа, активирајте ја програмата 
Rapid 15 БЕЗ детергент за да го 
отстраните вишокот штирак од 
барабанот.
Во овој оддел можат да се додадат 
следните додатоци:
-  Омекнувач;
 Штирак за облека.
 Оддел за претперење
Детергент за претперење