Panasonic NA168VG4 Operating Guide

Page of 40
Инструкции за инсталација - 39
Грижа за околината
Отстранување на пакувањето
Пакувањето употребено за заштита на 
машината од оштетување при транспорт 
може целосно да се рециклира. За 
информации за рециклирање, 
контактирајте ги вашите локални власти.
Отстранување на отпадна 
електрична и електронска 
опрема
Информации за отстранување за 
корисниците на отпадна електронска 
и електрична опрема (домаќинства)
Овој симбол на производите и/или на 
придружните документи значи дека 
дотраените електрични и електронски 
производи не треба да се мешаат со 
останатиот домашен отпад.
За соодветен третман, враќање и 
рециклирање, ве молиме однесете ги овие 
производи во назначените собирни места, 
каде што ќе бидат прифатени без наплата.
Алтернативно, во некои земји можеби ќе 
можете да ги вратите вашите производи кај 
вашиот локален продавач по купувањето 
на еквивалентен нов производ. 
Правилното отстранување на овој 
производ ќе помогне во зачувувањето на 
значајни ресурси и ќе спречи какви било 
можни негативни влијанија врз човековото 
здравје и околината, што во спротивно 
можат да настанат од несоодветно 
ракување со отпад. За понатамошни 
информации за вашето најблиско 
назначено отпадно место, ве молиме 
контактирајте ги вашите локални власти.
За неправилно отстранување на овој 
отпад, можат да следуваат казни согласно 
националните закони.
Информации за отстранување во 
земји надвор од Европската унија
Овој симбол важи само во Европската 
унија.
Ако сакате да се ослободите од овој 
производ, ве молиме контактирајте ги 
вашите локални власти или дистрибутерот 
и побарајте информации за правилниот 
начин на отстранување. 
Еко-пријателска пералница
- Придржувајте се до границата за 
полнење на секоја програма.
- Машината за перење автоматски го 
нагодува оперативното време на секоја 
програма зависно од полнењето.
- Претперењето треба да го користите 
само ако вашата облека е многу 
валкана.
- Со користење на програмата 60°C Cotton 
(Памук), наместо програмата 90°C 
Cotton (Памук), ќе заштедите енергија, а 
сепак ќе ги отстрани вообичаените 
дамки.
- За малку валкана облека, со користење 
на програмата 15°C Wash, наместо 
програмата 40°C Quick 50, ќе заштедите 
повеќе енергија.
Количество детергент
- Користете го точното количество 
детергент врз основа на инструкциите на 
пакувањето на детергентот и тврдоста 
на локалната вода.
- Ставајте количество детергент во 
зависност од тоа колку е валкана вашата 
облека.
Кога користите машина за 
сушење облека
За да заштедите енергија, ве молиме 
одберете ја точната брзина на центрифуга 
согласно инструкциите на вашата 
машината за сушење облека.
Овој производ е во согласност директивите 
2006/95/EC и 2004/108/EC.