LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Приспособени одлики
31
Допрете на Звуци и вибрации и изберете го режимот што го сакате:
Само приоритетни: За да добивате звучни или вибраторни 
известувања за избраните апликации. Дури и кога Само 
приоритетни е вклучен, алармите сè уште се огласуваат.
Потполна тишина: За да ги исклучите тонот и вибрациите.
ИД на звук за звонење
Можете да го поставите уредот да пушта автоматски компониран 
тон на ѕвонење за секој дојдовен повик од избраните контакти. Оваа 
функција е корисна бидејќи знаете кој ве повикува со слушање на 
тонот на ѕвонење.
Допрете на     Поставки   Звук И Известување   ИД на звук за 
звонење и потоа префрлете го 
 за да го активирате.
Допрете на Состави мелодии за и изберете ја саканата опција.
За дојдовните повици од контактите освен за избраните контакти се 
пушта стандардниот тон на ѕвонење.
Препознавање отпечаток на прст
Преглед на препознавањето отпечаток на прст
Пред да ја користите функцијата за препознавање отпечаток на прст, 
регистрирајте ваш отпечаток на прст во уредот.
Функцијата за препознавање отпечаток на прст можете да ја користите 
во следниве случаи:
За да го отклучите екранот
За да прегледате заклучени содржини во Галерија или QuickMemo+
При потврдување на купување или најава на некоја апликација, можете 
да се идентификувате со едноставно допирање на сензорот за отпечаток 
на прстот.