LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Приспособени одлики
32
Отпечатокот на вашите прсти никогаш не се менува во текот на вашиот 
живот и секој има единствени отпечатоци на прсти. Затоа отпечатокот 
на прстите може да се користи за идентификација на корисникот од 
страна на уредот. Многу слични отпечатоци на прстите од различни 
корисници можат од сензорот за отпечаток на прсти да бидат 
препознаени како ист отпечаток. За да се подобри безбедноста на 
уредот, поставете го заклучувањето на уредот на шара, PIN или лозинка.
Ако отпечатокот на вашиот прст не е препознаен или сте го 
заборавивте резервниот PIN, однесете го уредот во најблискиот центар 
за услуги на потрошувачите на LG и регистрирајте отпечаток на прстот 
и креирајте нов резервен PIN.
Мерки на внимание за препознавањето на отпечатокот 
на прстот
Точноста на препознавањето на отпечатокот на прстот може да 
се намали. За да се максимизира точноста на препознавање, пред 
користењето на уредот проверете го следново.
Копчето за вклучување/исклучување/заклучување има сензор за 
отпечаток на прстот. Осигурете се дека копчето за вклучување/
исклучување/заклучување не е оштетено со метален предмет како 
паричка или клуч.
Кога на копчето за вклучување/исклучување/заклучување или на 
вашиот прст има вода, прашина или друга надворешна супстанција, 
регистрацијата или препознавањето на отпечатокот на прстот може 
да не функционира. Исчистете го и исушете го вашиот прст пред го 
ставите на препознавање.
Отпечатокот на прстот може да не биде правилно препознаен ако 
на површината на прстот има лузна или ако таа не е мазна поради 
држење во вода.
Ако го виткате прстот или ако го користите само врвот на прстот, 
отпечатокот на вашиот прст може да не биде препознаен. Внимавајте 
прстот да ја покрива целата површина на копчето за вклучување/
исклучување/заклучување.
За секоја регистрација скенирајте само еден прст. Скенирање 
на повеќе од еден прст може да влијае на регистрирањето и 
препознавањето на отпечатокот на прстот.