LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Приспособени одлики
33
Уредот може да генерира статички електрицитет ако околниот 
воздух е сув. Ако околниот воздух е сув, избегнувајте скенирање 
на отпечатокот на прстот или допрете метален предмет, како 
паричка или клуч, за да го отстраните статичкиот електрицитет пред 
скенирањето.
Регистрирање отпечаток на прстот
Можете да го скенирате и да го зачувате отпечатокот на прстот во уредот 
за да користите идентификација со отпечаток на прстот.
Допрете на     Поставки   Општо   Отпечатоци од прсти & 
безбедност   Отпечатоци од прсти.
За да ја користите оваа одлика, проверете дали е поставено 
заклучување на екранот. Ако не е поставено заклучување на екранот, 
поставете го. За повеќе детали погледнете во 
Најдете го копчето за вклучување/исклучување/заклучување на 
задната страна од уредот и внимателно ставете го прстот на него за да 
го регистрирате отпечатокот на прстот.
Благо притиснете го копчето за вклучување/исклучување/заклучување 
за да може сензорот да го препознае отпечатокот на вашиот прст. 
Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување/заклучување 
со преголема сила, може да стартува функцијата за заклучување на 
екранот или екранот може да се исклучи.
Осигурете се врвот на прстот да ја покрива целата површина на 
сензорот на копчето за вклучување/исклучување/заклучување.