LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
55
Користење папки од основниот екран
Креирање папки
На основниот екран, допрете и држете на некоја апликација и потоа 
одвлечете ја над друга апликација.
Се креира нова папка и апликациите се додаваат во неа.
Уредување папки
На основниот екран, допрете и држете на папка и потоа стартувајте ја 
саканата функција.
За да уредите име и боја на папката допрете на името на папката.
За да отстраните апликација од папка, допрете и држете на 
апликацијата и одвлечете ја надвор од папката. Ако отстранетата 
апликација е единствената апликација во папката, тогаш папката 
автоматски се отстранува.
Поставки за основниот екран
Можете да ги приспособите поставките за основниот екран.
Допрете на     Поставки   Екран   Почетен екран.
Приспособете ги поставките:
Cелектирај почетно: За избор на режим на основниот екран.
Слика за заднина: За менување тема за заднина на основниот 
екран.
Ефект на екран: За избирање ефект што се применува при 
менување страници на основниот екран.
Тема: За избирање тема што треба да се примени.
Подреди апликации по: За поставување на начинот како 
апликациите се сортирани на основниот екран.
Решетка: За менување на режимот за распоредување на 
апликациите на основниот екран.
Скриј апликации: За селектирање или деселектирање апликации 
што треба да се скријат од основниот екран.