LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
57
PIN: За отклучување на екранот со внесување лозинка од бројки.
Лозинка: За отклучување на екранот со внесување лозинка од 
бројки и букви.
За да поставите заклучување на екранот со цртање шара, прво 
креирајте сметка на Google или резервен PIN. Ако последователно 
внесете погрешна шара повеќе од одредениот број пати, тогаш можете 
да го отклучите екранот со резервниот PIN или со сметката на Google.
Ако заклучувањето на екранот е поставено со користење на PIN 
или лозинка и вие внесете неправилен PIN или лозинка повеќе од 
одредениот број пати, внесувањето на лозинката се блокира 30 
секунди.
Поставки за заклучување на екранот
Можете да ги приспособите следниве поставки за заклучување на 
екранот.
Допрете на     Поставки   Екран   Заклучен екран.
Приспособете ги поставките:
Одберете заклучување на екран: За избирање метод за 
заклучување на екранот.
Smart Lock: За избор на ставки од доверба, така што ако некоја од 
нив се појави, уредот автоматски ќе се отклучи.
Ефект на екран: За поставување ефекти на менување на екранот 
кои е применуваат при отклучување на екранот. Оваа опција се 
појавува кога методот на отклучување на екранот е поставен на 
Swipe.
Слика за заднина: За менување на сликата за заднина на 
заклучениот екран.
Кратенки: За додавање кратенка за апликација и директен пристап 
до апликацијата од заклучениот екран со влечење на апликацијата 
надвор од големиот круг. Оваа опција се појавува ако методот на 
отклучување на екранот е поставен на Swipe.
Анимација за време: За прикажување на заклучениот екран 
анимации за метеоролошките услови за тековната локација.