LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
56
Smart Bulletin: За користење на основниот екран за преглед на 
информации приспособени за вашите потреби.
Заклучување на екранот
Преглед на заклучувањето на екранот
Екранот на вашиот уред се исклучува и се заклучува ако притиснете на 
копчето за исклучување/вклучување/заклучување. Тоа се случува и ако 
го оставите уредот да мирува одреден временски период.
Ако го притиснете копчето за исклучување/вклучување/заклучување 
кога не е поставено заклучување на екранот, веднаш се појавува 
основниот екран.
За да ја осигурите безбедноста и да спречите несакан пристап до вашиот 
уред поставете заклучување на екранот.
Заклучувањето на екранот спречува непотребни внесови преку допир 
на екранот на уредот и ја намалува потрошувачката на батеријата. Ви 
препорачуваме да го активирате заклучувањето на екранот кога не го 
користите уредот.
Конфигурирање на поставките за заклучување на 
екранот
На располагање има неколку опции за конфигурирање на поставките за 
заклучување на екранот.
Допрете на     Поставки   Екран   Заклучен екран   Одберете 
заклучување на екран и потоа изберете го методот што го сакате.
Приспособете ги поставките за заклучување:
Ништо: За деактивирање на функцијата за заклучување на екранот.
Удри: За отклучување на екранот со лизгање по него.
Knock Code: За отклучување на екранот со допирање места на 
екранот по одредена шема.
Облик: За отклучување на екранот со цртање шара на него.