LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
58
Информација за контакт за загубен телефон: За прикажување 
информации за контакти за итни случаи на заклучениот екран.
Мерач на време за заклучување: За поставување на времето на 
мирување по кое уредот автоматски се заклучува.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува: За заклучување 
на екранот веднаш кога ќе се притисне копчето за вклучување/
исклучување/заклучување.
Достапните поставки може за се разликуваат во зависност од 
избраниот метод на заклучување на екранот.
KnockON
Екранот можете да го вклучите или исклучите со брзо допирање на 
екранот двапати.
Оваа опција е достапна само за основниот екран даден од LG. Таа може 
да не функционира правилно со приспособени стартувачи на уредот 
или со основни екрани инсталирани од корисникот.
При допирање на екранот користете ги врвовите на прстите. Не 
користете ги ноктите на прстите.
За да ја користите одликата KnockON, внимавајте сензорот за близина/
светлина да не е покриен со налепница или некоја друга надворешна 
супстанција.
Вклучување на екранот
Брзо допрете два пати на средината на екранот.
Допирањето во горниот или долниот дел на екранот може да ја 
намали стапката на препознавање.
Исклучување на екранот
Брзо допрете два пати на празно место на основниот екран.
Алтернативно, брзо допрете двапати на празно место на статусната 
лента.