LG G5 ユーザーガイド
Поставки на телефонот
127
Општо
Јазик и тастатура
Можете да ги приспособите поставките за јазик и тастатура на вашиот
уред.
1
На екранот за поставки, допрете на Општо Јазик и тастатура.
2
Приспособете ги следниве поставки:
•
Јазик: За избор на јазикот што се користи на уредот.
•
Сегашна тастатура: За преглед на типот на тастатура што
моментално ја користите. Изберете тастатура која ќе ја користите
кога внесувате текст.
•
Тастатура на LG: За приспособување на поставките за тастатурата
на LG.
•
Гласовно пишување нa Google: За конфигурирање на опциите за
диктирање текст од Google.
•
Излез за текст-за-говор: За конфигурирање на поставките за
конверзија на текст во говор.
•
Брзина на покажувачот: За нагодување на брзината на курсорот
на глувчето или тачпадот.
•
Преврти копчиња: За сменување на десното копче на глувчето да
ги извршува примарните дејства за директна манипулација.
Локација
Можете да го приспособите начинот како одредени апликации ги
користат информациите за вашата локација.
1
На екранот за поставки, допрете на Општо Локација.
2
Приспособете ги следниве поставки:
•
Начин на работа: За избирање метод за обезбедување
информации за вашата локација.
•
Мои места: За поставување на уредот да ги анализира често
посетените места, така што ќе може автоматски да препознае
одредена адреса на престој.