ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
123
Зен Врска
9
9  Зен Врска
Запознавање со Зен Врска
Останете поврзани со ексклузивната Зен Врска за ASUS за максимална продуктивност. Со 
апликациите на Зен Врска може да се поврзете со други уреди за да споделувате и примате 
датотеки.
Вашата Зен Врска се состои од следниве апликации: Врска за Забава, Сподели Врска, PC Врска 
и Далечинска Врска
ЗАБЕЛЕШКА:  Некои од апликациите на Зен Врска може да не се достапни на вашиот ASUS 
телефон.
Врска за Забава
Создадете или придружете се на виртуелна група за да споделувате фотографии во реално 
време на најлесен можен начин. Испраќајте и примајте неодамна сликани фотографии на 
максимум четворица од вашите пријатели во близина, дури и без интернет врска, користејќи 
ја оваа Зен карактеристика. 
ВАЖНО! Оваа карактеристика е достапна само со уреди што исто така имаат Врска за Забава.
Споделување фотографии
Создадете група и поврзете се со до три уреди во близина за да споделувате фотографии 
сликани од вашиот ASUS телефон на други уреди со активирана Врска за Забава.
1. Активирајте Camera (Камера) потоа допрете  
.
2.  Допрете  
  > OK (ВО РЕД) да активирате Врска за Забава.
3.  (изборно) Допрете да назначите единствено име за вашата група. Исто така може да 
допрете Set password (Постави лозинка) за да создадете група заштитена со лозинка.
ВАЖНО!  Ако сте создале група заштитена со лозинка, треба да ја споделите лозинката со 
избраните приматели за истите да ги добиваат вашите фотографии.
4. Допрете Create a group (Креирај група) за да почнете да споделувате фотографии 
сликани од вашиот ASUS телефон.