ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
125
Глава 9:  Зен Врска
Сподели Врска
Споделувајте и добивајте датотеки, апликации или медиумски содржини со мобилните уреди 
Android користејќи ја апликацијата Сподели Линк (за ASUS мобилни уреди) или апликацијата 
СПОДЕЛИго (за другите мобилни уреди) преку Wi-Fi хот-спот. Со оваа апликација, вие може да 
испраќате или примате датотеки што се поголеми од 100 МБ и ви дозволува да споделувате 
или примате повеќе датотеки во исто време. Апликацијата Сподели Врска испраќа и прима 
датотеки побрзо отколку со користење на Bluetooth.
Споделување датотеки
1.  Од вашиот Почетен екран, допрете 
 > Share Link (Сподели Врска).
2. Допрете Send file (Испрати датотека) потоа одберете од опциите што се појавуваат на 
екранот.
3.  Допрете ги датотеките што сакате да ги испратите, а потоа допрете Done (Готово).
4.  Откако вашиот ASUS телефон ги открил другите уреди, допрете го уредот со кој сакате да 
ги споделите вашите датотеки.