ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
26
Глава 2:  Нема друго место како дома
Персонализирање на вашиот Почетен екран
Прикажете ја вашата индивидуалност на Почетниот екран. Изберете привлечен дизајн како 
ваш тапет и кратенки за брз пристап до вашите омилени апликации и додадете виџети за брз 
преглед на важните информации.  Исто така може да додадете повеќе страници за да може да 
додавате и брзо да пристапувате или погледнувате повеќе апликации или виџети на вашиот 
Почетен екран.
Брзи пристапи за апликации
Брзите пристапи за апликации ви овозможуваат побрзо да пристапите до вашите често 
користени или омилени апликации од почетниот екран. Можете да додадете, отстраните, или 
да ги групирате вашите апликации во една папка.
Додавање брзи пристапи за апликации
Додадете брзи пристапи за брзо да пристапите до вашите често користени апликации 
непосредно од почетниот екран.
1.  Допрете и задржете празна област на вашиот Почетен екран и изберете Apps & widgets 
(Апликации и виџети).
2.  Од списокот на сите апликации, допрете и задржете апликација, а потоа повлечете ја на 
празна област на вашиот Почетен екран. 
Отстранување на брзите пристапи за апликации
Од вашиот Почетен екран, допрете .и задржете апликација, а потоа повлечете ја до Отстрани 
на врвот на екранот. Апликацијата што ја отстранивте од вашиот Почетен екран ќе остане на 
екранот Сите апликации.