ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
27
Глава 2:  Нема друго место како дома
Групирање на брзите пристапи за апликации во папка
Креирајте папки за да ги организирате брзите пристапи до вашите апликации на почетниот 
екран.
1.  На вашиот Почетен екран, допрете и повлечете апликација врз друга апликација и ќе се 
појави папка.
2.  Допрете ја новата папка и допрете Unnamed Folder (Неименувана папка)за да одредите 
име на оваа папка. 
Виџети
Може да ставате виџети, мали динамични апликации, на вашиот Почетен екран.  Виџетите ви 
обезбедуваат брз преглед на временската прогноза, информации за настани од календарот, 
статус на батеријата и повеќе.
Додавање виџети
За да додадете виџет:
1.  Допрете и задржете празна област на вашиот Почетен екран и изберете Apps & widgets 
(Апликации и виџети).
2.  Од екранот Виџети, допрете и задржете виџет, а потоа повлечете го на празна област на 
вашиот Почетен екран. 
Отстранување виџети
Од вашиот Почетен екран, допрете и задржете виџет, а потоа повлечете ја до Отстрани 
најгоре на екранот.
ЗАБЕЛЕШКА: 
Исто така може да допрете  
  на вашиот Почетен екран за да видите Сите 
апликации и Виџети.