ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
36
Глава 3:  Работи многу, забавувај се уште повеќе
Обележување страници
Обележете ги вашите омилени страници или веб-страници за да може да се вратите назад и 
повторно да ги прегледате.
За да обележите страница:
Од страницата, допрете    > Bookmarks (Обележувачи). Следниот пат кога ќе го отворите 
прегледувачот, може брзо да допрете на вашата обележана страница.
Он-лајн паметно читање
Вашиот ASUS телефон автоматски го активира режимот Паметен читач за страниците 
што содржат многу ставки кои може да ги сметате за непотребни или што го одвлекуваат 
вниманието како ленти со реклами, икони, или ставки на мени. Може да ги отстраните овие 
ставки и да ја прочитате само главната содржина на страницата.
ЗАБЕЛЕШКА: 
Режимот паметен читач ги поддржува страниците Wikipedia, CNN, ESPN, BCC и 
NY Times.
За да го користите режимот Паметен читач:
•  Допрете на иконата режим паметен читач  
  за автоматски да ги отстраните сите 
непотребни или ставки кои го нарушуваат вниманието и да се покаже само главната 
содржина на страницата.
•  Од страницата со режим паметен читач, направете нешто од следново:
 • Допрете  
  да се прикаже вашиот список на читачот или зачуваните страници.
 • Допрете  
  да ја активирате алатката за означување и изберете ја бојата што ја 
претпочитате, а потоа поминете со прст врз текстот што сакате да го нагласите.
 • Спојте ги двата прста или раширете ги за да зумирате/одзумирате страница.
Допрете да ги отворите зачуваните страници
Допрете да ја споделите страницата со други или да ја зачувате 
во списокот Направи подоцна
Допрете да ја зачувате страницата
Допрете да префрлите помеѓу режим на читање и 
нормален режим.
Зумирање/одзумирање страница.
Допрете за да ја активирате алатката за означување