ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
38
Глава 3:  Работи многу, забавувај се уште повеќе
Додавање на сметки за е-пошта
Доколку немате постоечка сметка за е-пошта, може да креирате таква за да може да добивате, 
читате и испраќате е-пораки директно од вашиот ASUS телефон.
1.  Од почетниот екран, допрете Email (Е-пошта) за да ја активирате апликацијата Е-пошта.
2.  Допрете     > Settings (Поставки), а потоа додадете сметка за е-пошта.
3.  Допрете го давателот на поштенска услуга што сакате да го додадете
4.  Следете ги последователниве упатства за да завршите со поставувањето на вашата нова 
сметка за е-пошта. 
ЗАБЕЛЕШКА: 
Исто така може да погледнете од чекор 3 до 5 во делот 
Поставување сметки за 
е-пошта
 за да ја завршите оваа поставка на поставување.
Поставување на Gmail сметка
Поставете ваша Gmail сметка за да се вклучите во услуги и апликации поврзани со Google, 
како и да добивате, испраќате и прегледувате е-пораки директно од вашиот ASUS телефон.
1.  Допрете  Google потоа допрете Gmail.
2. Допрете Existing (Постоечка) и запишете ја вашата постоечка Gmail сметка и лозинка, а 
потоа допрете   . 
ЗАБЕЛЕШКИ:
•   Допрете New (Нова) ако немате ваша Google сметка.
•  Кога се пријавувате, треба да почекате додека вашиот уред комуницира со серверите на 
Google за поставување на вашата сметка.
3.  Користете ја вашата Google сметка за да правите резервна копија и да ги обновувате 
вашите поставки и податоци. Допрете     за да се пријавите со вашата Gmail сметка.
ВАЖНО!  Ако имате неколку сметки за е-пошта кои не се од Gmail, користете апликација Е-пошта 
за да ги поставите и пристапувате до сите ваши сметки за е-пошта.