ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
67
Глава 4:  Секогаш достапни
Додавање контакти
Додавајте контакти во вашиот уред, службената сметка, Google, или други сметки за е-пошта 
и внесете поважни информации за контактот како што се броевите на контактот, адресите за 
е-пошта, посебните настани за VIP и повеќе.
1.  Активирајте ја апликацијата Контакти, а потоа допрете  
.
2. Изберете Device (Уред).
ЗАБЕЛЕШКИ:  
•  Исто така може да го зачувате контактот на вашата SIM картичка или сметка за е-пошта.
•  Ако немате сметка за е-пошта, допрете Add account (Додади сметка) а потоа креирајте ја.
3.  Пополнете ги потребните информации како што е мобилниот или домашниот број, 
адресата за е-пошта, или групата каде што сакате да го ставите контактот. 
4.  Откако сте ги пополниле информациите, а сакате да додадете повеќе броеви или адреси на 
контакти, допрете New (Ново).
5.  Ако сакате да додадете друга информација за контакт, допрете Add another field (Додади 
друго поле).
6.  Кога сте завршиле со информациите, допрете Done(Готово).
Додавање број на локал на број на контакт
Може да го додадете бројот на локал на контактот за да ги избегнете говорните известувања 
кога телефонирате.
1.  На екранот за информации за контактот, внесете го главниот број на контактот и бројот на 
локал на еден од следниве два начина:
 • Внесете запирка (,) по главниот број, потоа внесете го бројот на локал на контактот. 
Има кратка пауза пред бројот на локал да се бира автоматски. За да ја продолжите 
паузата, допрете Pause(Пауза) за да внесете друга запирка.. 
 • Внесете точка и запирка (;) по главниот број, а потоа внесете го бројот на локал на 
контактот. Кога бирате број на контакт од вас ќе се побара да го потврдите бројот на 
локал. Допрете Yes(ДА) на пораката за потврдување.
2.  Кога сте завршиле со информациите, допрете Done (Готово).