ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
68
Глава 4:  Секогаш достапни
Прилагодување на профилот на вашите контакти
Уредете ги информациите за вашите контакти, додадете фотографија, поставете тон на 
ѕвонење или направете фотографија како насловна фотографија за профилот на вашиот 
контакт.
1.  Активирајте ја апликацијата Контакти, а потоа изберете го профилот чии информации или 
профил сакате да ги уредите или прилагодите.
2.  Направете ги промените од страницата на профилот на контактот.
Допрете да додадете фотографија на контактот од Галерија 
или со сликање фотографии
Допрете за уредување на информациите за 
контактот
Допрете да ја додадете насловната фотографија на профилот 
на контактот од Галерија или со сликање фотографии
Може да прикажете насловна фотографија на профил на 
Facebook  како тематска насловна фотографија за Facebook  
контакт
Поставување на вашите VIP
Групирајте ги вашите контакти како VIP за да бидете известувани за претстојни годишнини, 
родендени и други важни настани. Исто така ќе добивате известувања за сите непрочитани 
пораки или е-пораки, или за пропуштените повици од вашите VIP. Ќе ги добивате сите овие 
известувања како известувања и потсетници Што е следно.
ЗАБЕЛЕШКА: 
За повеќе детали, видете 
Поставување вашиот VIP од екранот за информации за контактот
За да го поставите вашиот VIP од екранот за информации за контактот:
1.  Активирајте ја апликацијата Контакти, допрете го контактот кој што сакате да го ставите 
како VIP, а потоа допрете  
.
2.  Во избраниот екран за контакт, изберете VIP под полето Group (Група).
3.  Кога ќе завршите, допрете Done (Готово). Контактот е додаден на вашиот список за VIP.