ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
72
Глава 4:  Секогаш достапни
Деблокирање на контакти или броеви
Може да отстраните блокиран контакт или број од вашиот список и повторно да добивате 
повици или пораки од контактот или бројот.
1. Допрете ASUS > ASUS > Contacts (Контакти) потоа допрете  
  > Manage contacts 
(Управување со контакти) > Block list (Список на блокирани).
2.  Допрете и задржете го контактот или бројот што сакате да го деблокирате, а потоа допрете 
Remove from block list (Отстрани од списокот на блокирани).
Социјално вмрежување со вашите контакти
Интегрирањето на сметките на вашите контакти од социјалните мрежи ви олеснува да ги 
погледнете нивните профили, новости и социјални навестувања. Бидете ажурирани за 
активностите на вашите контакти во реално време.
ВАЖНО!   Пред да може да ги интегрирате сметките на вашите контакти на социјалните мрежи, 
треба да се пријавите на вашата сметка на социјалната мрежа и да ги синхронизирате нејзините 
поставки.
Синхронизирање на сметката на вашата социјална мрежа
Синхронизирајте ја сметката на вашата социјална мрежа за да ги додадете сметките на 
социјалната мрежа на вашите контакти во вашиот ASUS телефон
1.   Направете нешто од следново за да ја активирате апликацијата Поставки:
 • Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете  
.  
 • Допрете  
  > Settings (Поставки).
2.  Од екранот Поставки, допрете ја сметката на вашата социјална мрежа под делот Сметки.
3. Штиклирајте Contacts (Контакти) за да ги синхронизирате сметките на вашите контакти на 
социјалните мрежи.
4.  Активирајте ја апликацијата Контакти за да го видите вашиот список на контакти.
5.  За да ги видите само вашите контакти со сметки на социјална мрежа, допрете Contacts to 
display (Прикажување на контакти) потоа отштиклирајте ги другите извори на контакти, 
оставајќи го името на социјалната мрежа штиклирано.
6.  Кога ќе завршите, допрете  
   или каде било на екранот.