ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
73
Глава 4:  Секогаш достапни
Поврзување на информациите за вашите контакти
Кога ќе додадете социјална мрежа или сметки за е-пошта, податоците од овие сметки 
автоматски се синхронизираат со апликацијата контакти. Во некои случаи, некои информации 
на контактот може да се јават на неколку места или под различни варијации на имиња или 
прекари во апликацијата Контакти. Може рачно да ги поврзете и унифицирате сите овие 
информации и да ги ставите на едно место или профил.
1.  Од апликацијата Контакти, допрете го контактот чии информации сакате да ги поврзете.
2.  Од страницата на профилот на контактот, допрете  
.
3.  Изберете ги сите профили на контактот што мислите дека треба да бидат поврзани со 
еден профил, потоа кликнете Link(Поврзи). Сега може да ги погледнете и вчитате сите 
информации од вашиот контакт под еден профил.
Резервна копија/обнова на дневници на повици
Дневниците на повици складирајте ги во вашиот ASUS телефон за да ги следите повиците 
што сте ги примиле, направиле, или пропуштиле. Исто така може да ги испратите зачуваните 
дневници на повици на вашата он-лајн сметка за складирање или електронски да ги 
испратите преку инсталираните апликации за е-пошта во вашиот ASUS телефон.
Креирање на резервна копија на дневник на повик
1.  Од почетниот екран, допрете Phone (Телефон) потоа допрете  
  за да ја сокриете 
тастатурата.
2.  Допрете     потоа допрете Backup call log (Резервна копија на дневник на повик).
3. Допрете Backup call log to device (Резервна копија на дневник на повик до уред) 
за да ја зачувате резервната копија на дневник на повик во вашиот ASUS телефон. За 
електронски да ја испратите рзервната копија на Дневник на повик, допрете Backup 
call log to device and send out (Резервна копија на дневник на повик до уред и 
испраќање).
4.  Впишете го името на резервната датотека, а потоа допрете OK (ВО РЕД) Откако 
копирањето е завршено успешно, допрете OK (ВО РЕД).
Обновување на резервните копии на дневници на повици
1.  Од почетниот екран, допрете Phone (Телефон) потоа допрете  
  за да ја сокриете 
тастатурата.
2.  Допрете     потоа допрете Restore call log (Обнови дневник на повик).
3.  Изберете резервна копија што сакате да ја обновите, потоа допрете OK (ВО РЕД).
4.  Откако обновувањето е завршено успешно, допрете OK (ВО РЕД). Допрете  
  за да ги 
видите обновените дневници на повици.