ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
8
Основни податоци
1
1  Основни податоци
Добредојдовте!
Истражете ја интуитивната едноставност на ASUS Zen UI 2.0!
ASUS Zen UI 2.0 е шармантен и интуитивен интерфејс исклучиво за ASUS телефони. 
Обезбедува посебни апликации кои се интегрирани во или со други апликации за да ги 
исполни вашите единствени индивидуални потреби и да ви го направи животот полесен 
додека воедно ви овозможува да се забавувате со вашиот ASUS телефон.
Најдете одговори од ЧПП (често поставувани прашања) или дадете повратни 
информации во форумот за корисници.
Со PixelMaster технологијата, забележете ги скапоцените моменти во живописни и 
висококвалитетни фотографии и видеа.
Паузирајте и занимавајте се со вашите важни е-пораки, СМС-пораки, интересни веб-
страници или други важни задачи тогаш кога е поприкладно да го направите тоа.
Погледнете детали за состаноци, е-пошта и други аларми или нотификации за 
настани на дофат на рака веднаш од вашиот почетен екран, заклучен екран или 
апликацијата Што е следно. 
Добијте максимална продуктивност од Зен Врска, што се состои од апликациите 
Далечинска Врска, Сподели Врска, PC Врска, и Врска за Забава. Користете која 
било од овие апликации да се поврзете со други уреди за споделување и примање 
датотеки.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапноста на апликацијата Зен Врска се разликува во зависност од 
моделите на ASUS телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапноста на апликацијата на ASUS Zen UI 2.0 се разликува во зависност 
од регионот и моделот на ASUS телефон.  Допрете  
   од вашиот Почетен екран за да ги 
проверите достапните апликации на вашиот ASUS телефон.