ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
90
Забава и разонода
5
5  Забава и разонода
Користење слушалки
Бидете слободни да правите други нешта додека имате воспоставено повик или уживајте во 
слушањето на вашата омилена музика користејќи слушалки.  
Поврзување на аудио приклучок
Вметнете го приклучокот за слушалки од 3,5 мм во портата за аудио на вашиот уред.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
•  Не вметнувајте други предмети во портата за аудио приклучок.
•  Не вметнувајте кабел со електричен излезен напон во портата за аудио приклучок.
•  Вашиот слух може да се оштети од слушање на звук со голема јачина подолг период.
ЗАБЕЛЕШКИ:
•  Силно препорачуваме да се користат само компатибилни слушалки или оригинални слушалки 
со овој уред.
•  Исклучувањето на аудио приклучокот додека слушате музика, автоматски ја паузира музиката 
што се репродуцира.
•  Исклучувањето на аудио приклучокот додека гледате видео, автоматски го паузира видеото 
што се репродуцира.