ASUS ZenFone Max (ZC550KL) 사용자 설명서

다운로드
페이지 150
91
Глава 5:  Забава и разонода
Музика
Апликацијата Музика автоматски пребарува за музички датотеки од внатрешните и 
надворешните складови на вашиот ASUS телефон. Вие може да ги организирате овие 
музички датотеки во плеј листа или да ги додадете во ред на чекање за последователно 
репродуцирање. Исто така може да пренесете музика од сметки во облак како што се ASUS 
WebStorage, Dropbox, OneDrive и Drive.
ВАЖНО!   Пред пренесувањето музика од сметка во облак, осигурете се дека вашиот ASUS 
телефон е поврзан на Wi-Fi или на мобилна мрежа. За повеќе детали, видете 
Активирање музика
За да активирате Музика, допрете  
  > Music (Музика).
Репродуцирање песни
Да репродуцирате песна:
1.  Од апликацијата Музика, допрете Music (Музика), а потоа изберете Songs (Песни)
Исто така може да ги изберете овие други опции за тоа како сакате да ги прегледувате 
вашите музички датотеки: Album (Албум), Artist (Пејач), Genres (Жанрови), Composer 
(Композитор) или Folder (Папка).
2.  Од вашиот список, допрете ја песната што сакате да се репродуцира.  Допрете Play All 
(Репродуцирај се) ако сакате да се репродуцираат сите песни.
3.  Поминете со прст од лентата со наслов на песната за да добиете цел екран на песната што 
моментално се репродуцира.
Допрете за да додадете песна во вашите Омилени
Допрете за да пуштите или паузирате песна
Допрете за да пуштите следна песна
 Допрете и задржете за брзо да премотате до следната песна
Допрете за да ја пуштите претходната песна
Допрете и задржете за да ја премотате песната
Допрете за да се повтори тековната песна, сите песни или 
исклучете ја функцијата за повторување
Допрете за да ја активирате/деактивирате функцијата  По 
случаен избор
ЗАБЕЛЕШКА: 
За да додадете неколку песни на постоечка плеј листа, видете 
Додавање песни 
на плеј листата
.