Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
77
Пред да започнете да ги користите функциите за снимање и 
поместување на времето
Прочитајте ги овие инструкции пред да започнете да ги користите функциите 
Снимање
 и 
Timeshift
.
 
"
Оваа функција е достапна само кај одредени модели во специфични географски области.
Пред да започнете да ги користите функциите за снимање и закажување 
на снимање
 
За да ја поставите функцијата за закажување на снимање, прво мора да го поставите 
часовникот на телевизорот. Поставете ја функцијата 
Часовн.
 (      
Поставув.
   
Систем
   
Време
   
Часовн.
).
 
Може да поставите најмногу 30 елементи во функциите 
Закажување гледање
 и 
Закаж. на 
снимање
.
 
Снимките се заштитени со DRM и затоа не можат да се репродуцираат на компјутер или 
друг телевизор. Освен тоа, овие фајлови нема да можат да се репродуцираат ниту на вашиот 
телевизор доколку електронското коло за видео репродукција било променето.
 
Се препорачува USB хард диск со брзина од 5.400 rpm или повеќе. Меѓутоа, USB хард дискови 
од видот RAID не се поддржани.
 
Нема поддршка за USB мемориски уреди.
 
Вкупниот капацитет за снимање може да се разликува во зависност од слободниот простор во 
хард дискот и нивото на квалитет при снимањето.
 
За функцијата 
Закаж. на снимање
 се потребни најмалку 100MB слободен простор на USB 
уредот за складирање. Снимањето ќе запре доколку достапниот простор за складирање ќе се 
намали под 50MB за време на снимањето.
 
Ако достапниот простор за складирање се намали под 500MB додека двете функции за 
закажување на снимање и поместување на времето се во тек, ќе запре само снимањето.
 
Максималното време на снимање изнесува 720 минути.
 
Видео записите се репродуцираат според поставките на телевизорот.
 
Ако влезниот сигнал се промени за време на снимањето, екранот нема да прикажува слика 
сè додека не се изврши замената. Во тој случај, снимањето ќе продолжи, но   нема да биде 
достапно.
 
При користење на функциите за снимање и закажување на снимање, снимањето може да 
започне една или две секунди подоцна од посоченото време.
Мерки на претпазливост и забелешки
Добијте инструкции и информации што мора да ги прочитате по инсталацијата.