Samsung 49" Full HD Smart TV UE49K5502AK Serija 5 guia eletrônico

Página de 101
78
 
Ако функцијата закажување на снимање е активна во исто време кога снимате на надворешен 
уред кој поддржува HDMI-CEC, приоритетот ќе го добие функцијата за закажување на снимање.
 
Со поврзување на уред за снимање на телевизорот, несоодветно зачуваните снимени фајлови 
автоматски ќе се избришат.
 
Ако функцијата 
Тајмер за искл.
 или 
Авто-исклучув.
 е поставена, телевизорот ќе ги занемари 
овие поставувања, ќе продолжи да снима и ќе се исклучи по завршување на снимањето.
Пред да започнете да ја користите функцијата за поместување на 
времето
 
Се препорачува USB хард диск со брзина од 5.400 rpm или повеќе. Меѓутоа, USB хард дискови 
од видот RAID не се поддржани.
 
Нема поддршка за USB мемориски уреди или флеш уреди.
 
Вкупниот капацитет за снимање може да се разликува во зависност од слободниот простор во 
хард дискот и нивото на квалитет при снимањето.
 
Ако достапниот простор за складирање се намали под 500MB додека двете функции за 
закажување на снимање и поместување на времето се во тек, ќе запре само снимањето.
 
Максималното време кое е достапно за функцијата за поместување на времето изнесува 90 
минути.
 
Функцијата за поместување на времето не е достапна за заклучените канали.
 
Видео записите со неусогласено време се репродуцираат според поставките на телевизорот.
 
Функцијата за поместување може автоматски да се прекине штом се достигне максималниот 
капацитет.
 
За функцијата за поместување на времето се потребни најмалку 1,5GB достапен слободен 
простор на USB уредот за складирање.