LG G4 s User Guide

Page of 534
5
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
 
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за 
заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2 W/kg во просек на 
10 грама ткиво.
 
Највисоката вредност на SAR за овој модел на 
 
телефон тестиран при поставување на уво изнесува 0,507 W/kg 
(10 g) а при поставеност на тело изнесува 0,422 W/kg (10 g).
 
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при 
користење во нормална позиција наспроти увото или при 
поставување најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. При 
користење на футрола, прицврстувач за ремен или држач за 
носење на телото, тие не треба да содржат метал и треба да 
бидат поставени најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. За 
пренесување на податочни фајлови или пораки, на овој уред 
потребно му е квалитетно поврзување со мрежата. Во некои 
случаи, пренесувањето на податочни фајлови или пораки може 
да биде одложено додека не се воспостави такво поврзување. 
Придржувајте се до горните инструкции во однос на растојанието 
сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете единствено оригинални LG батерии, полначи и дополнителна 
опрема кои се одобрени за употреба со овој конкретен модел на телефон. 
Користењето на кои било други видови може да поништи секаква потврда 
или гаранција која важи за телефонот, а исто така може да биде и опасно.
 
Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван 
сервисер доколку е потребна негова поправка.