LG G4 s User Guide

Page of 534
6
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
 
Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, може да 
вклучат делови или електронски плочи за замена кои ќе бидат 
нови или репарирани, доколку тие имаат еднаква функционалност 
со оние делови кои се заменуваат.
 
Уредот држете го подалеку од електрични уреди како на пр. 
телевизори, радиоприемници и компјутери.
 
Уредот држете го подалеку од извори на топлина како што се 
радијаторите и шпоретите.
 
Не дозволувајте да ви падне телефонот.
 
Немојте да го изложувате уредот на механички вибрации или 
потреси.
 
Исклучете го телефонот на места каде тоа се бара со специјални 
прописи. На пример, немојте да го користите телефонот во 
болници каде уредот може да влијае на медицинската опрема.
 
Немојте да ракувате со телефонот со влажни раце додека се врши 
дополнување. Може да дојде до електричен удар и сериозно 
оштетување на вашиот телефон.
 
Немојте да го полните телефонот близу до запаливи материјали 
бидејќи тој може да стане жежок и да предизвика опасност од 
пожар.
 
Користете сува ткаенина за чистење на надворешноста на уредот 
(немојте да користите растворувачи како бензол, разредувач или 
алкохол).
 
Немојте да го полните телефонот кога е поставен на мек мебел.
 
Телефонот треба да се полни во добро проветрена просторија.
 
Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим 
или прав.
 
Телефонот држете го подалеку од кредитни картички или возни 
билети; може да влијае на информациите од магнетните ленти.
 
Не допирајте го екранот со остри предмети, бидејќи тоа може да 
го оштети телефонот.